Сакам да ви покажам нешто. Втората слика е обработена и дури и јас требаше да погледнам два пати за да видам дали ми е малку фотошопирано телото или не. Ако ја постирав само оваа фотка ќе беше прилично верно дека така ми изгледа телото, демек сум го собрала стомакот сум го стегнала задникот, ќе си речевте “еее Кика вежба, види какво газе направила” (за неколку месеци веројатно ќе биде такво, ама сеуште не е). За
Длабоко верувам во тоа дека е поважна жената под облеката, а не самата облека и дали е бренд или колку чини. Но исто така верувам и дека облеката може и тоа како да влијае на расположението и внатрешното чувство. Сигурна сум дека сите го имате почувствувано тоа чувство кога ќе облечете некое парче облека кое многу ви се допаѓа и веднаш се чувствувате некако порадосно, помоќно, по… И да реков парче облека кое вам ви се