Секој пост што го постирам на мојот профил е поврзан на некој начин со body positivity, љубовта кон себе, самодоверба, инспирација и позитивна енергија. Истото важи и за постовите со вашите производи. Со ова не само што моите следачи ќе го видат вашиот производ, туку и ќе го поврзат производот и вашиот бренд со позитивни емоции. 

ЗОШТО БАШ ЈАС?
Она што ме прави мене различна од повеќето Инстаграм инфлуенсери кај нас се две работи: првата е тоа што изгледам поинаку, односно моите вишок килограми и начинот на кој зборувам за нив прават секој да може во мене да се пронајде самиот себе си. Втората работа е што секој пост има цел да ги мотивира и инспирира луѓето, ниту еден од моите постови не е претставен како “види што си купив” или “види ми го задникот” пост. 
Мојата цел е да ја искористам мојата влијателност за да имам позитивно влијание на луѓето, а не за славата или пари. Оваа година го отворам мојот профил за соработка со брендови со цел да можам комплетно да се посветам на Body positive движењето и да можам да креирам уште повеќе и подобри содржини.

Дел од пораките што ги добивам за мојот инстаграм профил:

Освен инстаграм постови, работам и како freelance видео продуцент и графички дизајнер, 
можете да погледнете дел од мојата работа на следните линкови:
За дополнителни опции и облици на соработка контактирајте ме на kikaaveiro@gmail.com или Инстаграм ДМ.

Анализа направена на 4 Јануари 2019: